CASHBACK SOLUTIONS

ПОВЕЌЕ ПОТРОШУВАЧИ, ПОВЕЌЕ ПРЕДНОСТИ!

- Враќање пари при секое купување -

Со производите на Cashback Solutions пред Вас се отвора глобална Shopping Community со милиони членови, која нуди предности и за купувачи и за Трговски партнери како Вас. Членовите профитираат од Cashback и Shopping Points при секое пазарување кај Вас. Shopping Points може да се искористат за понуди во форма на Shopping Point Deals

Вие како Трговски Партнер постојано стекнувате нови потрошувачи и активно сте посетени од членовите, бидејќи тие кај Вас добиваат предности од купувањето.

ЕДНОСТАВНО И БРЗО СТЕКНУВАЊЕ НОВИ ПОТРОШУВАЧИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОМЕТОТ СО ВАШАТА СОПСТВЕНА ЛОЈАЛНА ПРОГРАМА – И СЕТО ТОА СО НИСКИ ТРОШОЦИ!
  • едноставна споредба на цени води до континуирана борба со цените во Вашиот сектор
  • Потрошувачите сѐ повеќе купуваат во големите трговски центи
  • огромната конкуренција на онлајн продавниците има влијание врз прометот во Вашето претпријатие

Со Cashback Solutions ќе ги решите бизнис предизвиците!

Onlineshops
Мали и средни претпријатија
Концерни и големи компании, меѓународни трговски марки
Onlineshops

Дали сте сопственик на Online Shop?

 

Дали следните предизвици се и Ваши предизвици?

  • Барате нови и пред сè групи на потрошувачи кои имаат афинитет кон пазарувањето; кои ќе го зголемат Вашиот промет и ќе ја зацврстат Вашата позиција на пазарот?
  • Дали би сакале да ги користите опсежните маркетинг можности на една светска куповна заедница (Shopping Community) во online и offline секторот?
  • Дали би сакале да освоите нови пазари и Вашиот производ да стане меѓународно познат, но сè уште барате соодветна можност за експанзија на нови пазари?
Ние Ви нудиме решение.
Како Онлајн Трговски Партнер искористете ги производите на Cashback Solutions и профитирајте преку:
  • Зголемување на прометот
  • Стекнување нови потрошувачи
  • Стекнување лојални потрошувачи
  • Прецизно обраќање кон целните групи
  • Јасни извештаи и евалуации
Профитирајте веднаш:

Зголемување на Вашиот обрт

Повеќе можности за Вашето претпријатие!

Како Онлајн Трговски Партнер со Cashback Program на Cashback Solutions станува дел од Shopping Community со милиони членови. Поради предностите од купувањето, нашите членови претпочитаат да пазаруваат кај нашите Трговски Партнери - онлајн и офлајн. Освен тоа, тие пазаруваат почесто и трошат повеќе пари кај Трговските Партнери на Lyoness отколку другите потрошувачи.

Искористете го потенцијалот на нашата глобална куповна заедница (Shopping Community) со милиони членови!

Вашите нови потрошувачи

Мала инвестиција, огромен резултат!

Во нашата Shopping Community, допирате директно до Вашата целна група и ги комуницирате Вашите ексклузивни понуди и стекнувате нови потрошувачи на економичен начин. Со Вашата Cashback Program како Онлајн Трговски партнер од нив ќе направите и Ваши лојални потрошувачи.

Очекувајте почесто пазарување со значително повисока просечна вредност на нарачка!

Вашата целна група

Директно и прецизно, без загуби!

Обратете им се на целните групи директно и насочено онлајн! Прецизно ги поставувате критериумите и со Вашата Cashback Program ги активирате оние групи потрошувачи, кои Вам Ви се највредни!

Со Вашите ексклузивни Shopping Point Deals и акции, Вие ги пласирате Вашите производи кај потрошувачите и на тој начин обезбедувате одржлив успех - совршено прилагодено за Вашата целна група.

Вашата меѓународна дополнителна вредност

Влијание на глобалниот пазар!

Би сакале да покриете нови пазари со Вашиот Online Shop? Благодарение на нашата глобална застапеност и постојаната експанзија, за Вас е сосема едноставно да направите чекор напред кон меѓународна застапеност преку нашата куповна заедница (Shopping Community).

Изградете регионално, национално и меѓународно име со нас и зголемете го Вашиот онлајн промет!

Вашите меѓународни дополнителни предности

овозможуваат голем број продажби на глобалниот пазар!

Дали би сакале да освоите нови пазари со Вашиот Online Shop? Благодарение на нашата глобална застапеност и нашиот постојан меѓународен пораст, првиот чекор кон интернационалната застапеност за Вас ќе биде многу поедноставен со помош на нашата куповна заедница (Shopping Community).

Станете познати регионално, национално и меѓународно и зголемете ги Вашите онлајн продажби!

Вашите извештаи

Одлуки без двоумење!

Одржливиот успех може да се достигне единствeно тогаш, кога тој ќе стане мерлив! На тој начин доаѓате до основата на сите резултати и ги анализирате причините и последиците.

Со нашата најсовремена технологија за следење добивате детални извештаи за сите активности на нашите, а со тоа и на Вашите лојални потрошувачи и во секое време ги имате на располагање сите важни бројки.

Вашиот маркетинг преку повеќе канали

Успешниот маркетинг вообичаено подразбира неколку инвестиции однапред за потоа да се оствари зголемување на прометот. Не го сменивме тоа! Вие како Трговски Партнер добивате бесплатна можност за маркетинг, бидејќи кога профитирате Вие, профитираме и ние.

Светот на нашата Shopping Community Ви отвора речиси неограничени можности за рекламирање на Вашето претпријатие низ различни медиуми. Без разлика дали станува збор за банер, newsletter или застапеност на социјалните медиуми – ние Ве поддржуваме во тоа да бидете забележани!

Критериуми за квалитет за Online Трговски Партнери

За да можеме да Ви понудиме најдобар квалитет Вам и на нашите членови, важно ни е нашите Online Shops да ги исполнуваат следните основни критериуми:

Структура
  • Јасна и прегледна структура на производ
  • Едноставно управување, јасно препознатлив процес на продажба
  • Асортиман кој е квалитативно и квантитативно способен за конкуренција
Плаќање
  • Поддршка на опции за плаќање кои се карактеристични за земјата
  • Завршен процес на книжење
Изглед и ракување
  • Дизајн според модерните стандарди за квалитет
  • Доследен изглед и ракување
Техника
  • Користење на актуелните стандардни технологии
  • Поставувањето Cookies мора да биде овозможено
Што не смее

Не смеат да се објавуваат содржини кои прикажуваат расизам, насилство или игри на среќа.

Колку чини тоа?

Тековни трошоци

Ако членовите на Shopping Community генерираат најмалку 10 продажби / месец во Вашата продавница, тогаш месечниот трошок изнесува 1170 МКД.

Еднократни трошоци

За поврзување со светот на Online Shopping на Shopping Community се плаќа еднократен трошок од 17,900 МКД.

Контактирајте нè!

Ако сте онлајн претпријатие без деловен локал, тогаш Ви нудиме да стапите во контакт со нас за да добиете повеќе информации за понудите на Cashback Solutions.

Мали и средни претпријатија

Имаме неколку прашања за Вас:

  • Би сакале да понудите атрактивна дополнителна вредност без големи инвестиции?
  • Би сакале да ги намалите Вашите трошоци за маркетинг, а сепак успешно да се рекламирате?
  • Не сакате повеќе да се чувствувате како Давид, кој со своето претпријатие се бори против Голијат односно големите концерни?
  • Би сакале да дознаете повеќе во врска со Вашиот пазар, неговиот потенцијал или Вашите потрошувачи со цел да можете да донесете разумни одлуки?
За сите овие проблеми постои едно едноставно решение за Вас:
Cashback Solutions!
Производите на Cashback Solutions се совршената алатка за
  • зголемување на прометот
  • стекнување нови потрошувачи
  • стекнување лојални потрошувачи
  • конкретно обраќање кон посакуваните целни групи
  • информативна евалуација на статистиките за Вашето претпријатие
  • зголемување на задоволството на потрошувачите
  • креирање дополнителен приход
Профитирајте веднаш преку

Зголемување на Вашиот обрт

Повеќе можности за Вашето претпријатие!

Членовите на нашата Shopping Community купуваат почесто и трошат повеќе пари кај нашите Трговски партнери отколку другите потрошувачи, бидејќи нашите профитираат со предностите од купувањето.

Искористете го потенцијалот со тоа што ќе станете дел од нашата глобална Shopping Community.

Вашите нови потрошувачи

Мала инвестиција, огромен резултат!

Со Cashback Program на Cashback Solutions допирате директно до Вашата целна група, и ги комуницирате Вашите ексклузивни понуди со што на економичен начин се стекнувате со нови потрошувачи.

Бидејќи Вашата лична лојална програма е интегрирана во Cashback Program, во исто време овие потрошувачи ќе ги трансформирате во Ваши лојални потрошувачи!

Вашите лојални потрошувачи

Долгорочни и профитабилни односи со клиенти!

Без големи инвестициски трошоци, ќе добиете сопствена лојална картичка во Ваш корпоративен дизајн и со атрактивните понуди, од Вашите потрошувачи ќе направите лојални потрошувачи.

Со професионалната база на податоци за потрошувачите, секогаш ќе имате преглед на сите Ваши контакти и состаноци и прецизно ќе ги планирате акциите и настаните за редовните потрошувачи!

Вашите целни групи

Директно и прецизно, без загуби!

Врз основа на детални критериуми можете да дефинирате индивидуални групи на потрошувачи и да комуницирате директно и конкретно со секоја група.

Со Вашите ексклузивни Shopping Point Deals за нови и редовни потрошувачи им се обраќате на целните групи директно со соодветна понуда!

Притоа не игра улога каде потрошувачите ги собрале нивните Shopping Points. Тие може да се искористат кај Вас во секое време!

Вашите статистики

Одлуки без двоумење!

Со едно кликнување добивате целосен преглед на најважните бројки.

  • Обрти, трансакции и просечни вредности на купување поделени според пол
  • Удел во обртот на новите и редовните потрошувачи во проценти
  • Распределба на обртот по старосни групи, денови во неделата и региони
  • Зголемувањата или намалувањата на обртот во споредба со целокупниот сектор; намалувањата односно добивките се појавуваат во вистинскиот контекст.

Со помош на овие податоци ќе препознавате трендови и ќе можете да реагирате на нив и да ги донесете вистинските одлуки. Со тоа се гарантира одржливиот успех на Вашето претпријатие!

Задоволството на Вашите потрошувачи -

Направете ги Вашите потрошувачи среќни!

Запознајте ги потрошувачите, претворете ги во лојални потрошувачи и направете ги среќни!

Прашалниците, коишто се изготвуваат брзо и коишто се испраќаат по електронски пат веднаш по посетата на клиентот, ќе Ви обезбедат брзи повратни информации, а Вие ќе можете уште попрецизно да му се посветите на исполнувањето на желбите на потрошувачот.

Со тоа се зацврстува врската со Вашите потрошувачи и се зголемува довербата во Вашето претпријатие!

Вашите дополнителни приходи -

заработувајте од обртот направен кај други трговци!

Што ќе заработите Вие, ако Вашите потрошувачи пазаруваат кај Вашите конкуренти?

Најверојатно ништо. Благодарение на MTERM App, можете многу лесно да ги регистрирате Вашите посетители како членови на Shopping Community. На тој не само што ќе профитирате Вие од продажбата во Вашето претпријатие, туку ќе профитирате и од купувањата кај сите други Трговски партнери, дури и ако тие Ви се конкуренција! Благодарение на стотиците синџир продавници, илјадниците Online Shop-ови и десетиците илјади МСП, членовите кои биле регистрирани од Вас, можат да ги користат предностите од купувањето, а Вие ќе учествувате во профитот.

Профитирајте веднаш!

Нарачајте ја Вашата Cashback Program за мали и средни претпријатија уште денес!

Стапете во контакт со нас!

Ако сте сопственик на мало или средно претпријатие со помалку од 10 подружници и имате дополнителни прашања во врска со производите на Cashback Solutions, Ве молиме да нè контактирате:

Стапете во контакт сега!

Концерни и големи компании, меѓународни трговски марки

„Враќање пари при секое купување“ претставува јасна порака за сите членови во нашата меѓународна Shopping Community. Соработката со Cashback Solutions носи многу предности за трговските концерни. Не само што ќе имате пристап до сопствените потрошувачи, туку и до сите учесници во Shopping Community. Користете ги предностите на веќе постоечката мрежа на потрошувачи за зголемување на прометот и добивката на Вашата компанија.

Ние ќе Ви дадеме соодветна понуда за нашите заеднички цели:

  • Зголемена фреквенција на потрошувачи и промет
  • Стекнување нови потрошувачи
  • Одржливо стекнување лојални потрошувачи
  • Проширување на удел на пазарот
  • Професионален маркетинг преку повеќе канали
  • Изградба на имиџ и марка
  • Ексклузивни студии за однесувањето и потребите на потрошувачите
Контактирајте нè!

Ако сте сопственик големо претпријатие или на компанија со повеќе од 10 подружници и имате дополнителни прашања во врска со производите на Cashback Solutions, Ве молиме да нè контактирате: