Privacy Policy

Ја сфаќаме многу сериозно заштитата на Вашите лични и деловни информации и настојуваме да го направиме безбедно користењето на нашите услуги. Се обврзуваме да ги почитуваме законските прописи за заштита на податоци. Оваа Декларација за заштита на личните податоци опишува кои информации ги собираме од Вас и ги користиме, за која цел го правиме ова и како ги штитиме Вашите податоци.

Содржина

1. Опсег
2. Кои податоци се собираат
3. Колачиња и следење на интернет
4. Мерење на реализациите со акцискиот пиксел на посетителот на Фејсбук
5. Споделување
6. Користење на податоците
7. Безбедност и откривање на податоците
8. Право на откажување, известувања, промена на податоци и контакт

1. Опсег


Оваа декларација важи за веб-страницата Cashback World, која е достапна на http://www.cashback-solutions.com. Ве молиме имајте предвид дека ова се однесува и на други веб-страници на Cashback World, вклучувајќи ги и оние на други земји за кои можат да важат различни правила за заштита на личните податоци.

Во текот на понатамошното развивање на нашите веб-сајтови за подобрување на нашите услуги, може да биде неопходно да се дополни оваа декларација за заштита на личните податоци. Во овој случај, ќе Ве известиме однапред и ќе побараме Ваша посебна согласност.

2. Кои податоци се собираат

 


Меѓу личните личните и деловните податоци за Вас кои ги обработуваме се вклучени сите оние податоци за лични или фактички околности што ги добиваме од Вас во текот на Вашето членство во Cashback World, Вашето учество во Cashback Светската програма како партнер компанија, како и Вашите порачки на нашите Cashback решенија што можат да Ви се доделат директно или индиректно (на пр., преку вашиот членски број и ид. број на партнер-компанијата). Тоа се Вашата  членски ИД број, Вашето целосно име и презиме, назив, пол, датум на раѓање, адреса, координати на адресата (должина и ширина), телефонски број (броеви), број на факс, е-меил адреса, податоци за банката, како и податоците собрани за Вашето корисничко однесување за време на Вашето Cashback World членство (датум, место, време на купување, износ, валута, кошничка, бранша, начин на купување - онлајн / офлајн, по порака, со клучна сметка, со ваучер, со Cashback картичка). Освен тоа, ја процесираме вашата идентификација како партнер фирма, целосното име, датум на основање, регистарски број, адреса на компанијата, можни постоечки подружници, ИД број, смтека, е-маил адреса, број на факс, вебсајт на компанијата, бранша, податоци за промет, банкарски податоци, име, презиме, е-меил адреса, датум на раѓање и телефонски број на контакт лице на компанијата, нарачаниот Cashback Solutions производ, како и дополнително нарачани производи.

3. Колачиња и следење на интернет


Нашите сајтови користат колачиња, што се мали текстуални датотеки, кои се складирани на Вашиот компјутер и со кои може да се пристапи повторно. Колачињата служат за да Ви овозможат да се најавите на нашите услуги и да го персонализираат изгледот на веб страната за Вас.

Можете да користите дел од нашата веб-страница и без да се регистрирате или да се најавите. И во тој случај, одредени информации се собираат автоматски за да се соберат статистички податоци за употребата и ефикасноста на нашата веб-страница и да се прилагоди на потребите на нашите корисници. Затоа, ние собираме и обработуваме информации за Вашата IP адреса, времето и траењето на Вашата посета, бројот на посети што сте ги направиле, користењето на формуларот, параметрите за пребарување, презентацискиот приказ и Вашите поставки за омилени параметри на нашата веб страница. Периодот на складирање на колачиња варира. Обично користиме колачиња кои автоматски се бришат после крајот на Вашата посета на нашата веб-страница (т.н. „колачиња за сесија"). Го следиме секој пристап до нашата веб-страница и секое пребарување на податоци складирани на веб-страницата. Колачињата поставени од нас служат исклучиво за наши информации и ќе бидат обработени од mWS myWorld Solutions AG  по налог на МАЈВОРЛД МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје за проценка на собраните информации.

Користиме JavaScript за да го следиме Вашето корисничко однесување на нашата веб-страница со цел да ги прилагодиме нашите веб-услуги на потребите на нашите корисници. Со тоа го одредуваме видот на пребарувачот, локацијата, времето и времетраењето на Вашата употреба, веб-локацијата (URL) и името на референтната страница. Можете да одбиете овие податоци да се собираат со деактивирање на JavaScript директно од Вашиот веб пребарувач.

Покрај тоа, ги користиме следниве алатки:

Google Analytics



Тоа е алатка за веб-аналитика обезбедена од Google Inc., 1600 Amphitheatre Parkway Mountain View, Калифорнија 94043 САД, во продолжение „Google", за следење на Вашата онлајн активност на нашата веб-страница и за одредување колку корисници нè посетуваат и која содржина на нашата страница колку пати се гледа. Евалуацијата е направена анонимно. Колачињата на Google Analytics, вклучувајќи ја и анонимната IP адреса и информациите за користење на Google Analytics, обично се пренесуваат и се складираат на сервер на Google во САД. За повеќе информации, посетете https://support.google.com/analytics/answer/6004245?hl=d. Google Analytics нуди опција да се откажете од собирање на податоци на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=de.

Piwik отворена платформата за анализа


На овој начин ги собираме Вашите онлајн активности на нашата веб-страница и одредуваме колку корисници нè посетуваат на интернет и која содржина на нашата веб-страница се гледа колку често. Евалуацијата е направена анонимно. Колачињата се складирани на Вашиот компјутер. За повеќе информации посетете https://piwik.org/faq/.

Google AdWords


Ова се користи за да се регистрираат посети на сајтот за промотивни цели (ремаркетинг) на Google и во Display мрежата. Кога ја посетувате страната, Вашиот пребарувач ги зачувува колачињата што овозможуваат да бидете препознаени како посетител кога посетувате веб-страници кои се дел од рекламната мрежа на Google. На овие страници, може како на посетител да Ви бидат претставени реклами кои се однесуваат на содржина што претходно сте ја виделе на други веб-сајтови кои користат функција за ремаркетинг на Google. Можете да одбиете собирање на податоци преку Google AdWords на веб-страницата http://www.google.com/settings/ads.

Следење на реализациите на Google AdWords


Со ова собираме статистики за реализацијата, кои ја мерат ефикасноста на нашите онлајн рекламни кампањи. Колачето за следење на реализациите се активира, кога корисникот ќе кликне на реклама, која се наоѓа на Google. Според одредбите за заштита на податоците на Google нема да се обработуваат никакви лични и деловни информации. Ако не сакате да учествувате во следењето, можете да се откажете од оваа употреба, деактивирајќи го „колачето" на Google за следење на реализацијата преку поставките за користење на Вашиот интернет пребарувач.

Salesforce маркетинг облак


Со ова го регистрираме Вашето однесување на нашата веб страница за да ја оптимизираме нашата понуда. Со тоа дознаваме колку корисници нè посетуваат на Интернет и која содржина на нашата страница се гледа колку често. Евалуацијата се врши анонимно и се користи автоматски со помош на Predictive Intelligence (предвидлива интелигенција) за подобро презентирање на понудите. За регистрираните членови, однесувањето на корисникот на веб-страницата се евидентира за да се подобри корисничкото искуство и да се користи за репродукција на релевантни содржини. Колачињата Salesforce вообичаено се пренесуваат и складираат на серверот Salesforce во САД.

Покрај колачињата опишани во користените алатки за анализа, се користат и следните дополнителни колачиња:

Колаче

Домен

Цел / Функција

cookiesession1

www.cashback-solutions.com

Ова колаче се користи за вчитување на HTTP-барањата во мрежната инфраструктура

ASP.NET_SessionID

www.cashback-solutions.com

Колаче што е создадено за времетраењето на сесијата и содржи ИД на сесијата.

__RequestVerification_Token

www.cashback-solutions.com

Е колаче за спречување на фалсификување и служи за спречување на CSRF напад.

MyLangUrlManagerlang

calculator.cashback-solutions.com

Ова колаче го зачувува јазикот на кој треба да се прикаже пресметувачот за предност.

lbc

calculator.cashback-solutions.com

Колаче што е создадено за времетраењето на сесијата и содржи ИД на сесијата од пресметувачот за предност.

language

www.cashbackworld.com

Ова колаче ги зачувува поставките за јазикот на корисникот.

cookiesession1

www.cashbackworld.com

Ова колаче се користи за вчитување на HTTP-барањата на мрежната инфраструктура.

authSession

www.cashbackworld.com

Колаче што е создадено за времетраењето на сесијата и содржи ИД на сесијата.

authToken

www.cashbackworld.com

Колачиња за автентицирање која е создадена за најавени корисници со цел јасно да се идентификуваат.

LyoToolbar_SessionID

www.cashbackworld.com

Ова колаче служи за комуникација со Cashback Bar.

lyo_AT_cookie_privacystatement

www.cashbackworld.com

Ова колаче служи за да се следи дали корисникот на веб-страницата се согласил за употреба на колачиња.

__RequestVerification_Token

www.cashbackworld.com

Е колаче за спречување на фалсификување и служи за спречување на CSRF напад.



Ве молиме имајте предвид дека стандардните интернет пребарувачи прифаќаат колачиња според стандардните поставувања. Можете исто така да го поставите Вашиот пребарувач да ги одбие сите или одредени колачиња или да Ве праша пред да прими ново. Упатствата за ова се понудени од повеќето пребарувачи под ставката „Помош" во менито. Исто така, ќе дознаете како да ги избришете колачињата што веќе сте ги примиле.

Ве молиме имајте предвид дека можеби нема да можете да ги користите сите функции на нашите веб-страници ако не прифаќате ниту една или одредени колачиња.

Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата и алатките споменати погоре може да се користат.

4. Мерење на реализациите со Фејсбук пиксел


Со Ваша согласност во рамките на нашата веб-страница применуваме „Фејсбук Пиксел" на Facebook Inc., 1601 S. Калифорнија Ave, Пало Алто, Калифорнија 94304, САД („Фејсбук"). Тоа е колаче, мала текстуална датотека што се зачувува на Вашиот компјутер и што таму може да се пристапи повторно. Со негова помош, може да се следат активностите на корисниците откако ќе видат или кликнат на Фејсбук реклама. Ова ни овозможува да ја следиме ефективноста на рекламите на Фејсбук за статистички и пазарни истражувања. Податоците собрани во овој начин се анонимни за нас, па не нудат никакви заклучоци за идентитетот на корисниците. Сепак, податоците од Фејсбук се чуваат и се обработуваат, така што е можно поврзување со соодветниот профил на корисникот, и Фејсбук може да ги користи информациите за рекламни цели, во согласност со политиката за користење податоци на Фејсбук (https://www.facebook.com/about/privacy/). Можете да му овозможите на Фејсбук и на нивните партнери да прикажуваат реклами на и надвор од Фејсбук. Исто така, за овие цели може да се складира колаче на Вашиот компјутер. Со користење на веб-страницата, се согласувате со употребата на акциски пиксел на посетителот.

Може да ја откажете Вашата согласност за користење на акцискиот пиксел во секое време. Поништувањето мора да се испрати во писмена форма (со писмо, факс или електронска пошта) на следната адреса:

 МАЈВОРЛД МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
бул. 8ми Септември бр. 16, Хипериум Бизнис Центар, 2 ка,
1000 Скопје, Република Македонија
Факс:+ 389 (0) 2 3090067 
Е-маил: service.mk@cashback-solutions.com  

5. Споделување


На веб страната се интегрирани копчиња за споделување на социјалните мрежи Twitter Inc, 795 Улица Фолсом, Suite 600, Сан Франциско, ЦА 94107, САД, XING која е управувана од страна на XING AG Дамторштрасе 30, 20354 Хамбург, Германија, САД, LinkedIn Corporation, Stierlin Court, Mountain View, CA 94043, Facebook, 1601 Јужна Калифорниска авенија, Пало Алто, Калифорнија 94304, САД, и Google Плус социјалната мрежа на Google Inc. 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, Калифорнија 94043, САД. Понатаму, е интегрирано копче за споделување за е-пошта. Копчињата за споделување се препознаваат по соодветното лого.

Сите копчиња за споделување се воспоставени во согласност со заштитата на податоците. Само кога ќе кликнете на соодветното копче „Сподели" на овој сајт (и само тогаш), се воспоставува директна врска помеѓу вашиот интернет пребарувач и серверот на операторот на соодветната социјална мрежа. Според операторите на овие социјални мрежи никакви лични и деловни податоци не се собираат од страна на социјалните мрежи без кликнување на соодветното копче за споделување. Такви податоци се собрааат и обработуваат само за најавени членови, вклучувајќи ја и IP адресата. Доколку не сакате да ја посетите нашата страница преку Вашиот кориснички профил, Ве молиме одјавете се од профилот на соодветната социјална мрежа.

Тука ќе истакнеме дека како провајдер на веб-страната не добиваме никакво знаење за содржината на пренесените податоци како и нивното користење преку социјалните мрежи. За повеќе информации за користењето на податоците во социјалните медиуми, видете ги декларациите за приватност на наведените социјални мрежи.

6. Употреба на податоци


Ги користиме Вашите лични  и деловни податоци само во согласност со законските барања. Ги собираме и ги обработуваме личните  и деловните податоци што ни ги ставате на располагање кога ќе се регистрирате како член на Cashback World, како и за време на Вашата регистрација како партнерска фирма на Cashback World и во текот на вашето членството во Cashback World програмата како партнер компанија исклучиво во рамките на исполнување на нашите договорни обврски кон Вас, како и во случаи кога ни ја давате Вашата конкретна согласност.

Ги користиме Вашите податоци за комуникација со Вас, за да го провериме Вашиот идентитет, за да Ви го ставиме на располагање Вашиот личен Merchant Lounge на веб-страната на Cashback Solutions, за да ги обработиме Вашите барања и нарачки и за да Ви ги ставиме на располагање нашите услуги. Понатаму, ги користиме Вашите податоци за да ги дефинираме маргините на продажба и да Ви ги соопштиме и да Ви ги доделиме купувачките придобивки од учеството во програмата Cashback World како партнерска компанија кои ги добивате.

Доколку сте ни дале посебна согласност, ќе ги користиме Вашите податоци исто така на пр. за да Ве информираме за понудите и активностите на нашите партнерски фирми B2B.

7. Безбедност и откривање на податоците


За заштита на Вашите податоци, користиме, меѓу другото, енкрипција во пренос на податоци (SSL енкрипција), firewalls, програми за одбрана од хакерство и други најсовремени безбедносни мерки. Во комуникација преку е-маил, може да ја гарантираме безбедноста на податоците според моменталната состојба на техниката.

Употребата на Вашите лични  и деловни податоци, генерално се врши преку МАЈВОРЛД МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје како договорен партнер на партнерските компании, која користи mWS myWorld Solutions AG како давател на услуги. Сепак, откривањето / трансферот на Вашите лични  и деловни податоци, како што е наведено подолу, може да следи на одредени даватели на услуги, како и во рамките на myWorld групата:

За развој на нашите услуги се служиме со одредени даватели на услуги, за комункацијата со членовите и за управување со нашето онлајн присуство. Ве уверуваме дека внимателно ги избираме овие даватели на услуги за да осигуриме законска и сигурна обработка на податоци. Покрај тоа, ги обврзуваме давателите на услуги да ги користат Вашите лични  и деловни податоци само во согласност со нашите упатства и во согласност со австриските прописи за заштита на податоците. Понатамошната употреба на податоците од овие даватели на услуги е исклучена.

Покрај тоа, ги споделуваме Вашите лични  и деловни податоци во рамките на myWorld групата обезбедувајќи ги сите неопходни мерки за безбедност на податоци, се додека тоа е  потребно за целите на електронската обработка и управување или за обезбедување на одредена услуга за Вас. Компаниите на myWorld групата, исто така, се обврзани кон нас да ги користат Вашите лични  и деловни податоци само за конкретната цел, а во согласност со австриската политика за заштита на податоци. Односните услуги, особено по контакт преку електронски пораки (на пример, е-меил, SMS порака или прoследни известување), по факс, по телефон или со писмо се за да се обезбедат информации за производи и промоции на на B2B партнерски фирми, идентификација на понуди кои одговараат на Вашите интереси, спроведување на анкети за задоволство, работа на телефонските линии и обработка на трансакции. Доколку и се додека е потребно за обезбедување на одредена услуга за Вас, ќе и ги обезбедиме на B2B партнерската компанија потребните лични  и деловни податоци. B2B компаниите, пак, се обврзани кон нас да го користат Вашите лични  и деловни податоци само за конкретната цел, а во согласност со австриските одредби за заштита на податоци.

myWorld групата е меѓународно активна. Нашите деловни активности, управувачки структури и нашата техничка инфраструктура ги надминуваат националните граници. Затоа, ги пренесуваме Вашите лични  и деловни податоци во странство. Не е потребна понатамошна согласност за пренос на лични  и деловни податоци во земјите членки на Европската економска област, во Швајцарија и во други земји со соодветна заштита на податоците (член 12 став 2 од Законот за заштита на податоци 2000). Меѓутоа, ако Вашите лични  и деловни податоци треба да се пренесат во други земји освен штотуку споменатите, прво ќе побараме Ваша посебна согласност.

Нема да ги откриваме Вашите лични  и деловни податоци на никој друг освен погоре споменатите пријателски B2B партнерски фирми, даватели на услуги и myWorld компаниите, освен ако не сте дале Ваша согласност.

8. Право на откажување, известувања, промена на податоци и контакт


Може да ја откажете Вашата согласност за користење на Вашите лични  и деловни податоци кои се користат на оваа страница за во иднина во секое време без да наведете причина. Таквото откажување резултира со забрана за понатамошната употреба на податоците. Откажувањето мора да се испрати во писмена форма (со писмо, факс или електронска пошта) на следната адреса:

МАЈВОРЛД МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
бул. 8ми Септември бр. 16, Хипериум Бизнис Центар, 2 ка,
1000 Скопје, Република Македонија
Факс: + 389 (0) 2 3090067 
Е-маил: service.mk@cashback-solutions.com  


Ве молиме обратете се на оваа адреса ако имате какви било прашања во врска со користењето на Вашите податоци или за да ги ажурирате или поправите Вашите податоци.