Тргнете кон иднината преку лојалност на потрошувачите

Со UTERM Ви посакуваме добредојде во новата ера на лојалноста на потрошувачите.

Со UTERM Ви посакуваме добредојде во новата ера на лојалноста на потрошувачите. Сега можете полесно да привлечете и да управувате со нови и со лојални потрошувачи, поедноставно да ги дознавате нивните желби и да ја забрзате реализацијата на промет, на Deals и Newsletters. Регистрирајте се сега и дознајте што се можете да постигнете со нашата универзална алатка за лојалност на потрошувачи.

Евидентирајте го прометот во неколку секунди

Преку евиденцијата на прометот во UTERM, сѐ станува многу поедноставно за Вас и Вашите потрошувачи. Ако некој потрошувач сака да искористи некој Ваш Deal, но претходно не си го обезбедил, тогаш Вие ја преземате постапката и директно го искористувате Deal-от во негова полза. За да можат да профитираат уште повеќе потрошувачи од Вашите Deals, доволно е со еден клик да им испратите покана за Вашата лојална програма. Дополнително, профитирате и од фактот дека го евидентирате прометот на едно место и на тој начин, имате оптимален преглед на дневниот промет и прометот по потрошувач.


Преглед на сите Вашите потрошувачи благодарение на CRM

Имате jасен преглед на сите потрошувачи, без разлика дали се членови на Cashback World или не. CRM Модулот е практично Вашата листа со потрошувачи во која секогаш ќе ја најдете посакуваната целна група, благодарение на разните филтери. Во само неколку чекори можете да импортирате нови потрошувачи или цели групи и на тој начин брзо да се стекнете со преглед на Вашите најдобри потрошувачи, кој сѐ има роденден набрзо и кои Ви се најновите потрошувачи. Вака имате многу подобри можности за конкретен пристап до различните типови на потрошувачи. Дополнително, со едноставен клик можете да ги поканите постоечките потрошувачи да станат Ваши лојални потрошувачи.


Споделете ги акциите со Вашите потрошувачи преку Newsletter

Информирајте ги Вашите потрошувачи преку Newsletter за специјалните настани и акции, и анимирајте ги да пазаруваат кај Вас. Во само неколку чекори ќе креирате и ќе управувате со целните групи, со што ќе можете секогаш да ѝ се обратите на вистинската целна група и ќе знаете дека Вашите потрошувачи се секогаш информирани за понудите кои ги имате за нив. Со тоа не само што се зголемува нивното задоволство, туку се зголемува и нивниот интерес. Благодарение на интиуитивното креирање на Newsletter, вклучително и урнеците кои можете слободно да ги доработувате, можете да испраќате информативни мејлови без голем труд и тоа или во самиот момент или согласно претходно утврден план.


Прашајте што посакуваат Вашите потрошувачи

Направете ги Вашите потрошувачи среќни, со тоа што ќе ги земете предвид нивните желби во Вашите корпоративни одлуки Модулот за анкета Ви помага да го подобрите задоволството кај Вашите потрошувачи. Добивајќи директен фидбек од Вашите потрошувачи, дознавате каде треба да ја подобрите услугата и квалитетот. Модулот Ви овозможува за кратко време да креирате анкета, со која ќе дознаете што сакаат Вашите потрошувачи преку прашања кои однапред се подготвени за Вас или преку прашања кои сами ќе ги креирате. Преку статистиката и евалуацијата, веднаш ќе дознаете кои теми се од особено значење. Па така, секогаш ќе бидете еден чекор пред другите во поглед на задоволството на потрошувачите.


Управувајте лесно со повеќе Account-и за вработени

На Вашите вработени олеснете им ја работата во UTERM, со тоа што ќе им овозможите пристап само до оние области кои им се фактички потребни. Во управувањето со корисници, лесно и едноставно преку кликнување, креирате и управувате со корисници на кои им доделувате овластувања во зависност од нивната улога во Вашето претпријатие. Ако е потребно, можете брзо да заклучите или избришете некој корисник. На овој лесен и некомплициран начин се намалува администртивниот обем.